| четврток, 6 декември 2018 |

Британка убиена во Ерусалим

Британска 21-годишна студентка денеска е убиена во трамвај во Ерусалим, а израелската полиција за нападот уапси 57-годишен Палестинец. Жртвата е идентификувана како Хана Бладон, студентка на Универзитетот во Бирмингем.

Како што пренесува Би-би-си, Бладон неколкупати била избодена со нож во градите во трамвај во Ерусалим , а подоцна им подлегнала на повредите во болница.  Полицаец, кој во моментот на нападот не бил на должност, ја повлекол кочницата за итни случаи на трамвајот и со помош на уште еден патник го совладал напаѓачот.

– Патував со семејството кога слушнав извици „напад, напад“. Дотрчав до местото на нападот и го совладавме мажот – изјавил полицаецот.

Во инцидентот се повредени една 30-годишна бремена жена и еден 50-годишен маж.

Израелската полиција соопшти дека осомничениот убиец е Палестинец од источен Ерусалим, кој неодамна бил пуштен од психијатриска болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top