Британска 21-годишна студентка денеска е убиена во трамвај во Ерусалим, а израелската полиција за нападот уапси 57-годишен Палестинец. Жртвата е идентификувана како Хана Бладон, студентка на Универзитетот во Бирмингем.
Како што пренесува Би-би-си, Бладон неколкупати била избодена со нож во градите во трамвај во Ерусалим , а подоцна им подлегнала на повредите во болница. Полицаец, кој во моментот на нападот не бил на должност, ја повлекол кочницата за итни случаи на трамвајот и со помош на уште еден патник го совладал напаѓачот.
– Патував со семејството кога слушнав извици „напад, напад“. Дотрчав до местото на нападот и го совладавме мажот – изјавил полицаецот.
Во инцидентот се повредени една 30-годишна бремена жена и еден 50-годишен маж.
Израелската полиција соопшти дека осомничениот убиец е Палестинец од источен Ерусалим, кој неодамна бил пуштен од психијатриска болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст