| четврток, 6 декември 2018 |

И на Велика сабота се вапцаат јајца

Време е да го започнете велигденското украсување.

Постојат многу начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново.

Но, за тоа не ви треба да потрошите многу пари, туку потребна е креативност и трпение.

Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца.

Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова.

10-idei-za-unikatni-veligdenski-jajca-8

Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа.

Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте на нив.

hitkujna-jajce-1

Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно.

Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top