| четврток, 6 декември 2018 |

Минувачите се фаќаат за глава, глетка која ја заледува крвта: Скршено возило поставено пред трговски центар

„Петар М. (23) и Кристина А. (18) на 16.05.2016 година на пат кон Кавадарци, загинаа во оваа возило поради лудо и неодговорно возење. Последиците болат“. Ова е пораката која е испишана на возилото кое е поставено и кое што сведочи за страшната сообраќајна незгода во која животот згаснале два млади животи

Со вистинска приказна и скршено возило од сообраќајна незгода РСБСП од денес ја едуцира младата популација за фаталните последици од неодговорното учество во сообраќајот. Настанот е дел од кампањата „Младост без лудост“ која советот ја промовираше пред неколку ден.

Силни воздишки, тажни погледи, држење за глава – вака денес реагираа минувачите пред трговскиот центар Скопје сити мол како резултат на глетката која што ја имаа пред себе.

„Петар М. (23) и Кристина А. (18) на 16.05.2016 година на пат кон Кавадарци, загинаа во оваа возило поради лудо и неодговорно возење. Последиците болат“. Ова е пораката која е испишана на возилото кое е поставено и кое што сведочи за страшната сообраќајна незгода во која животот згаснале два млади животи.

mladostgletka1

Согласно сообраќајната статистика во 2016 година вкупно 165 лица ги загубиле своите животи на патиштата во Македонија, од кои околу 60% се токму во оваа возрасна категорија.  Вкупно 6000 млади луѓе на возраст до 40 години се тешко повредени во сообраќајни незгоди минатата година. Статистистичките податоци покажуваат дека на светско ниво секоја година 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, или дневно се губат околу 1.050  млади животи на патиштата ширум светот.

Конечно една убава и корисна кампања, се надевам дека на ваков начин ќе успееме да ги натераме младите малку да размислуваат пред да седнат зад воланот, вели возрасна госпоѓа чие внимание го одзема возилото. Ова е страшно што се случило и треба сите да не замисли, додава таа.

mladostgletka2

Ваквите активности ќе продолжат и во текот на следната недела. Возилото најпрво ќе биде дислоцирано пред некое од средните училишта во Скопје, а понатаму и низ Македонија, велат од РСБСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top