| четврток, 6 декември 2018 |

Грозоморно убиство во Прилеп на Велики четврток

crna hronika lisiciВчеравечер на улицата „Борка Медаро”, триесетгодишниот М.М. ја убил баба си во нејзината сопствена куќа. Внукот влегол во спалната соба каде спиела бабата и со перница се обидел да ја загуши. Несреќната жена давала отпор и некако се оттргнала од него, по што тој извадил метален боксирач и ја удрил неколку пати во пределот на главата. Жената починала на самото место, а внукот по еден час сам се пријавил во прилепката полициска станица – пренесе Тв 21.

Полицијата веќе извршила увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top