Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не може а да не ги следи случувањата во „својот“ Дортмунд… Прекрасни години мина Клоп во Борусија Дортмунд, па затоа секогаш со засилени емоции ги следи случувањата во и околу неговиот поранешен клуб. Не можеше да биде растревожен по бомбашкиот напад пред натпреварот од ЛШ против Монако.
Но, за Клоп е огромно разочарувањето што УЕФА наредила мечот да се игра следниот ден…
– Не можам да разберам некои работи… Не можам да разберам дали така се заштитуваат играчите и сите оние кои биле во тие моменти во автобусот. Дали некој се запрашал како им е на сите нив, дали може да играат и дали може за помалку од 20 часа да заборават еден таков инцидент и веднаш да играат. Но, за бирократите од УЕФА тоа не е важно, важно е тие да бидат во центарот на вниманието. Да беа во нападнатиот автобус тие челниците од УЕФА или тие што ја донеле одлуката да се игра натпреварот сигурен сум дека мечот немаше да се игра… Ама, ова нападнати се „таму некои“ фудбалери… Нив кој ги прашува! – распали револтираниот Клоп кон УЕФА.
А, револтиран беше и тренерот на Борусија Дортмунд, Тухел кој тврдеше дека никој од неговиот клуб не дал согласност мечот да се игра следниот ден…
– Никој не не праша дали сме способни да истрчаме на терен. По СМС добивме порака од УЕФА дека натпреварот ќе се игра – рече Тухел.
Од УЕФА, сепак, синоќа тоа го демантираа нагласувајќи дека одлуката за одиргување на средбата е донесена во согласност со двата клуба.
„Постојано бевме на релација со раководствата на два клуба. И од двата табори воопшто не добивме информација дека некој не сака да се игра“ – соопштија од УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.