| четврток, 6 декември 2018 |

Несудените младоженци бесни и измамени:Останавме без илјадници евра, а девојките не ги видовме или ни избегаа!

nevesta

Еден човек од рожајско село, кој сакал да остане анонимен „наводно поради срамота“, тврди дека дал 2.500 евра за да се ожени за девојка од околината на Скадра, но дека невестата никогаш не ја видел.

-Ги предупредувам сите што се решиле на овој чекор добро да внимаваат да не поминат како јас – вели овој човек и напоменува дека веќе четири негови пријатели и комшии се женеле за Албанки.

-Се покажаа како добри жени, мајки и домаќинки. Нашите жени не сакаат на село, па одлучив да и јас донесам Албанка. А за тоа треба „посредник“, некој кој ги знае нивните прилики и кој ќе гарантира за вас и преводот. Така дојдов до еден човек од Андријевце за кого ми рекоа дека со таа работа успешно се занимава со години – вели тој и тврди дека „посредникот“ му барал 3000 евра, кои наводно ги дал на непостоечко семејство.

-Му дадов 2500 евра затоа што во моментов имав толку, а остатокот требаше по завршувањето на работата. Ми донесе неколку фотки од потенцијалните невести. Одбрав една и тргнав во некое село покрај Скадра. Кога стигнавме таму ни покажаа целосно друга девојка, затоа што мојата избраничка наводно била во посета на роднини. Таа била многу стара и со хендикеп па се договоривме да дојдеме повторно за две недели. Во меѓувреме „посредникот“ изјави дека семејството се предомислило затоа што наводно ги навредив, и дека парите останале кај нив. Му побара уште неколку за да ме запознае со друга девојка, но јас изгубив доверба во него – вели овој измамен човек

Еден друг човек од околината на Андријевица тврди дека дал дури 10.000 евра, но дека сеуште не се оженил.

-Ме измамија многумина. Најмалку осум пати одев до Албанија. Сега ми се чини дека тоа е организиран ланец на измама во кој учествуваат и наши и луѓе Албанци. Заработуваат на туѓа невоља, бог да ги казни- ги колнат очајните младоженци.

Тој раскажа дека на крајот успеал да донесе Албанка дома, за која платил 3000 евра, но побегнала.

-Прво отидов да се запознаеме, па да ја запросам. Такви се обичаите. Дури и нејзината фамилија доаѓаше да види каде живеам. Трет пат отидов да ја донесам дома. По 17 дена побегна, не знам како. Верувам дека и тогаш бев измамен затоа што подоцна слушнав дека постојат агенцции во Скадар и дека на нив се плаќа дел од парите за девојките кои наводно се мажат, а после бегаат – открива тој.

Потоа, тој вели дека на никого не би му препорачал да преку непознати лица, „трага по невеста од Албанија затоа што сигурно ќе биде измамен“.

Жртвата на измамата, вели дека размислувал да се обрати на полицијата, бидејќи останал без 2000 евра и невеста, но дека пријателите го наговориле тоа да не го прави.

-Ми рекоа дека во тој случај ќе мора кривично да одговарам за трговија со бело робје. Кој знaе како полицијата би ја протолкувала таа приказна. Претпоставувам дека ни другите не ги пријавуваат поради истите причини, или затоа што им е срам за тоа да се расчуе – додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top