| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 25.000 лица во Сомалија се болни од колера

kolera

Повеќе од 25.000 лица во Сомалија се погодени од колера, односно акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболени двојно да се зголеми во следните месеци „до почетокот на летото“, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

-Стапката на смртност предизвикана од болести заради загадена вода или храна во Сомалија веќе изнесува 2,1 отсто, додека смртноста предизвикана од колера достигнува стапка од 14, 1 отсто во Средна Џуба и 5,1 отсто во Баколу – изјави портпаролот на ОН, Јенс Лерк, на средба сао новинарите.

Од почетокот на годината во земјата се пријавени околу 533 смртни случаи, поврзани со избувнување на епидемијата од колера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top