Во експлозијата на автомобил-бомба пред рездиенцијата на претседателот на Сомалија, загинаа петмина војници. Радиостаницата на групата Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, соопшти дека оваа група стои зад нападот.
– Засега знаеме дека пет сомалиски војниц загинаа во експлозијата, која се случи пред хотелот Сомалиска младинска лига (SYL), кој се наоѓа пред претседателската палата. Веруваме дека цел на нападот бил хотелот, во кој често престојуваат локални функционери. Бројот на жртви би можел да се зголеми, изјави полицискиот функционер Абдикадир Хусеин.
Како што пренесува Ал Џезира, од денешната експлозија делумно уништени се два хотела, кои се наоѓаат спроти резиденцијата.
Инаку, Ал Шабаб ја презеде одговорноста и за некои од претходните напади во Могадишу, вклучувајќи ја и експлозијата на автомобилбомба и напад на популарна плажа, при што загинаа 10 лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.