Ансамблот на НУ Народен театар-Битола првото меѓународно гостување во оваа година ќе го реализира во Санкт Петербург, Русија, каде на 17 април на сцената на театарот „Вера Комисаржевскаја“ ќе го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“.
Копродукцискиот перформанс е во изведба на актери од Битолскиот и театарот „Вера Комисаржевскаја“, кои во меѓувреме извршиле дополнување и ќе биде изведен во форма на маратонска актерска манифестација посветена на Шекспир, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.
-Во Санкт Петербург ќе настапиме пред полна сала бидејќи освен за актерите голем интерес има за битолската група „Фолтин“ која освен во музичко-сценскиот дел ќе приреди и посебен концерт за руската публика. Во претставата ќе настапат многу актери од Македонија и Русија, но како почесен гостин ќе настапи и народниот актер, некои го нарекуваат и актерска икона во Русија, Ивак Краско кој иако има 89 години се уште е активен – посочи Светозарев.
Заедно со актерите од Русија ќе настапат и битолските актери Соња Михајлова, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Александар Димовски и други членови на ансамблот.
НУ Народен театар-Битола освен во Русија оваа пролет ќе настапи и во Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар
-
Подвижниот музички театар од Битола со проектот „Девојката со жиците“ в сабота на сцената во Љубљана
-
Премиера во Битолски театар: Соња Михајлова во улогата на Цезар во „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“
-
Битолски театар – репертоар за месец март 2018