| четврток, 6 декември 2018 |

Им станал сомнителен кога рекол нема ништо за пријавување: Запленети 144 килограми марихуана на „Богородица“

Царинските службеници од граничниот премин Богородица вчера запленија 144 килограми марихуана во товарно возило со полуприколка со странски ознаки управувано од бугарски државјанин на излез од Република Македонија.

Царинската упарава на РМ информира дека осомничениот кога пристигнал на граничниот премин Богородица на царинските службеници рекол дека нема ништо за пријавување и дека возилото е празно. Бидејќи царинските службеници се посомневале во неговата изјава, возилото било селектирано за контрола. При контрола на возило во страничните даски од полуприколката, царинските службеници забележале дека биле наполнети со наркотична дрога марихуана. Вкупната количина на запленетата марихуана е 144 килограми.

Предистражната постапка е се уште во тек и се прибираат докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомниченото лице до надлежното јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top