| четврток, 6 декември 2018 |

Празничен водич: Што ќе работи, а што не за Велигден?

За време на претстојниот велигденски празник и продолжен викенд, трговските центри ќе работат секој ден, а скратено работно време ќе имаат в недела. Супермаркетите “Веро” и “Тинекс” нема да работат в недела, а другите денови ќе работат нормално.

Во недела ќе работи супермаркетот “Рамстор” од 12 до 20 часот. Продавниците во “Сити мол” ќе работат секој ден, а в недела со скратено време од 12 до 20 часот. Во компанијата “Жито лукс”, пак, информираат дека в недела нема да има тазе леб.

Министерството за здравство соопшти дека за празничните денови е обезбедена 24- часовна здравствена заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во службата на Итна медицинска помош. За петок и понеделник нема закажано прегледи преку “мој термин”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top