| четврток, 6 декември 2018 |

Станови за џабе – побрзајте ако сакате да купите недвижнина во Солун!

solun

Кризата ги големата понуда на станови во Солун ја симнаа цената на 200 до 600 евра за квадратен метар.

Според истражувањата на пазарот на недвижнини,во Солун  по 200 евра за квадратен метар се бара за становите на приземје, додека пак до 600 достигигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките катови.

Оние кои веќе купиле стан во Грција велат дека се се завршува преку преку агенција, адвокат и нотар.

Дополните трошоци за купопродажба изнесуваат 13 проценти од вредноста на станот, а нов сопственик може да станете за помалку од 2 месеци.

Пресметката на трошоците за еден стан од 40 квадратни метри е: цена – 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост – 900 евра (3 отсто); нотар – 900 евра (3-4 отсто); впишување – 180 евра (0,4 отсто); преведувач – 100 евра; адвокат – 500 евра; агенција – 1.200 евра; приклучок за вода и струја – 250 евра; годишен данок -120 евра. вкупни трошоци – 4.030 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top