| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе се кандидира за домаќин на Зимската олимпијада во 2026 година

ер

Турција ќе се кандидира за домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во градот Ерзурум, на митинг по повод реферемдумот во промена на Уставот закажан за в недела.

Во обраќањето Ердоган најави дека подготовките за поднесување на кандидатурата веќе започнале. Како што јави агенцијата ТРЕНД, претходно пратеникот во турското Собрание, Мустафа Илиџак најави дека Ерзурум ќе биде кандидат на Турција за домаќин на Зимската олимпијада во 2026 година. ­

-Во септември ќе испратиме писмо со намери и кандидатура до Интернационалниот олимписки комитет- рече Илиџак.

Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат идната година во Јужна Кореја, а во 2022 година домаќин на овој настан ќе биде Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top