Маските паднаа, се видоа вистинските лица на „инсталациите“, не само во Македонија, туку и во соседните држави, па дури и во САД кои со долгогодишно инвестирање успеале да создадат општествен хаос, рекоа вечерва на протест од Струмица говорниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Дојде време во Макеодонија да остане само она искреното, родољубивото. Маските ќе паднат и кај многумина од ВМРО ДПМНЕ, и тоа е потребно. Не е се црно и бело како што сакаат да ни претстават овие инсталации. Не се сите политичари исти. Дојде време и оваа иницијатива ќе изнедри политичари достојни за Македонија и зачувување на нејзината државност и идентитет, рече Јане Ангелов.
Tие ги повторија барањата за отфрлање на тиранската платформа и заштита на унитарноста и сувереноста на Македонија. Пред празникот Велигден од иницијативата побараа обединување на македонскиот народ во зашита на националните интереси. Поворката незадоволни граѓани се упатија на мирен протестен марш низ централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.