Во последните десетина дена добив неколку непринципиелни напади од адвокатот Игнат Панчевски, па за да не остане некаква забуна еве да одговорам, пишува претседателот на ВМРО Народна партија денес на својот профил на „Фејбук“.
– Прво човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам освен сѐ што има компромитирачко за мене нека го предаде на институциите, а може и јавно да го објави. Но, ќе се задражам на две работи.
– Точно е дека во време на судењето во Хаг, Панчевски со еден негов партнер дојдоа да ми понудат докази како одредени НАТО земји учествувале во борбата против Македонија. За тоа им исплатив околу дваесет и пет илјади евра и не добив ништо. Некакви писма на лош англиски, божемни шифри и еден куп на фалсификат документи. Впрочем истите тие може и денеска да ги објави, ако не друго од историски аспект да ја расчистиме 2001.
– Паралелно со тоа ми понудија докази за банкарски сметки на Бранко Црвенковски и Хари Костов јас им ги платив, „Фокус“ ги објави. Веродостојноста ја заклучив врз основа на фактот што тие двајцата, Панчевски и неговиот партнер, во истото време ми организираа средба со Верушевски за која ја имам веќе информирно јавноста – напиша Георгиевски на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Георгиевски: Името Македонија повеќе ја загрозува Бугарија отколку било која географска додавка
-
Бугарите го нападнаа Љубчо: Не барај „војводо“ прошка од Грците за она што им го даде додека беше на власт
-
Љубчо Георгиевски со остра реакција кон Стојан Андов: Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе!
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот