Убав народ, убав ден- среда пред Велигден. Пред околу 2.000 години на денешен ден Јуда го предаде Христа Бога за 30 сребреници. За колку сребреници денешниот Јуда сака да ја продаде Македонија, запраша актерот Владо Јовановски, кој се обрати на денешниот граѓански протест За заедничка Македонија.
– Македонија не е на продажба, нема цена со која може да се купи крвта на нашите предци, подвлече Јовановски.
Оваа зграда пред нас, додаде тој, не е само обична сценографија, ова се нарекува народно Собрание, кое го сочинуваат народните избраници, се разбира ако се народни, а ако се однародени, значи дека не се наши пратеници.
– Не знам зошто и кој ги праќа да ја спроведуваат Тиранската платформа. Не знам и не сум сигурен дали се свесни и дали знаат што прават, но ние на овој ден, во очи на најголемиот празник Велигден, ќе кажеме: Прости им Боже, не знаат што прават.
Народот, рече Јовановски, одлучува за својата иднина.
– Македонскиот народ од политички објект стана субјект и самиот одлучува за својата иднина и судбина. 45 дена сплотени, во одбрана на своето, чекориме и го одиме патот одново и одново, ако треба илјада пати по толку ќе изодиме, но нема да клечиме со свиткана кичма, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владо Јовановски го одби Заев: Не сум виновен за да барам милост!
-
Се врати Владо Јовановски: Иднината не е сѐ она што ќе дојде!
-
Жугиќ до Владо Јовановски: Низ историјата, актерите биле прогонувани, затворани, омаловажувани само затоа што биле гласот на народот
-
Поради учеството во протестите, на Владо Јовановски му е одземена улогата во „Преспав“