| четврток, 6 декември 2018 |

Извршниот директор на Борусија: Вечерва да покажеме дека нема да му се предадеме на теророт

joakim vacke

Утринава после нападот во Дортмунд, играчите на Борусија направија лесен тренинг пред вечерашниот дуел со Монако.

Извршниот директор на германскиот фудбалски клуб, Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке утринава изјави дека тимот се држи заедно во овие тешки моменти.

– Нашето семејство, Борусија Дортмунд секогаш било силно кога морало да се избори со тешките ситуации. Ова е можеби и најтешката ситуација која ја имаме во последните неколку децении, Но сигурен сум дека ќе бидеме силни и единствени како никогаш порано – наведува Вацке. Смета дека одигрувањето на вечерниот дуел ќе има многу повеќе значење од еден фудбалски натпревар.

– Денеска нема да играме само за нас. Ќе играме за сите, Без оглед на тоа дали станува збор за Борусија, Баерн, Шалке… Сакаме да покажеме дека омразата и теророт не може да победат. Секако, ќе играме и за Марк Бартра кој сака да види победа на својот тим – порача челникот на „милионерите”од Дортмунд.

Вацке испрати и специјална порака до навивачите.

– Барам од сите навивачи на Борусија денеска да го подржат нашиот тим во сите 90. минути како никогаш досега. Затоа што оваа екипа за кратко време мора да надмине некои неверојатни проблеми. и сакам сите заедно да се издигне над сите. Утринава јас им порачав на играчите во соблекувалната дека мораат да бидат јаки како тим и да покажат во јавноста дека нема да му се предадеме на теророт – рече Вацке во својата јавна порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top