Скопската полиција поднесе кривична пријава за разбојништво против Д.Ј.(36) од Скопје.
Пријавениот отишол пред станот сопственост на С.С.(97), која побарала од него да се јави на нејзиниот син. Откако Д.Ј. забележал дека нема никој, ја турнал С.С. внатре, ја заклучил вратата и почнал да ја удира со клоци во пределот на главата и телото и и побарал пари.
Потоа од една рака и одзел златен прстен, а од ушите со тргање ги откачил златните обетки нанесуваќи и расекотини, по што продолжил да ја удира се додека не се онесвестила. После тоа пријавениот го напуштил местото. Истиот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 13.730 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Наставничка од пеколот: Со месеци ги тепала учениците за време на часовите
-
Пијан ја тепал сопругата и децата, ги заклучил четирите деца во соба, најмалиот се оснесвестил