| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската креаторка Олгица Ѓоргиева единствена Македонка на настанот „Музика и мода“ во Белград

Ѓоргиева ја претстави својата најнова колекција, а Весна Мандиќ, организаторка на настанот решила да носи креација на нашата дизајнерка

Познатата македонска дизајнерка Олгица Ѓоргиева беше единствената Македонка на настанот „Музика и мода“ кој се одржа во Белградската филхармонија. На настанот учестувале интернационални уметници на класичната музика и мода. Идејата на настанот е да се поврзат докажани уметници од целиот регион и да се издигне на уште поголемо ниво уметноста и културата.

Ѓоргиева ја претстави својата најнова колекција, а Весна Мандиќ, организаторка на настанот решила да носи креација на нашата дизајнерка.

17909520_10209199440522351_487452530_n

Настанот имал и хуманитерен карактер за децата на „Прифатилиште”. На сцената се појавиле многу познати имиња од Балканот, кои имаат интернационали кариери. Во музичкиот блок се појавиле Ратимир Мартиновиќ на клавир (Подгорица, Црна Гора), Јадранка Јовановиќ, мецосопран (Белград, Србија), Александар Симиќ (композитор и клавир) и Јела Михаиловиќ (чело).

17888527_10209199444002438_1289957694_n

Во модниот дел, освен Ѓоргиева настапиле и Верица Ракочевиќ (Белград, Србија), Борис Чалиќ (Подгорица, Црна Гора) и Ивица Скокo (Загреб, Хрватска).

– Кога ме исконтактираа од агенцијата „Фабрика“, ги прашав кој беше критериумот што одлучивте јас да ја претставувам Македонија. На тоа ми одговорија дека направиле истражување на македонскиот моден пазар и дека од она се што виделе најмногу им се допаднала мојата работа и одлучиле да ме исконтактираат – објаснува Ѓоргиева.

17857533_10209199444082440_1538963810_n

Според неа, „Мода и музика“ е одлично концепиран настан, што бил поддржан на интернационално ниво.

– На настанот присувствуваше цел дипломатски кор со кој после настанот имав можност да стапам во контакт. Прекрасен настан, на кој учествуваа уметници кои се интернационално познати. Ова за мене е веќе наредно ниво од мојата работа. Особено бев забележана на самиот настан и ги добив сите можни пофалби за мојата работа, што ме прави уште посреќна, затоа што достојно ја претставив Македонија. Колекцијата беше посебно забележана и многу сум среќна затоа што мојата работа се повеќе е прифатена од други пазари, што значи имам квалитетен производ што може серизно да се бори за своето место, што особено се поклопува со мојот концепт за мојата работа во блиска иднина. Оваа моја ревија скоро сум сигурна дека ќе остане една од моите најдраги ревии, затоа што од повеќе аспекти претставува наредно ниво за мене. Затворив еден циклус од мојата работа. Оваа година се 10 години од мојата работа како моден дизајнер, ја заокружив со признанието – што ми го доделија пред неколку дена „Жена менаџер за 2017”. Настанот во Белград е почеток на едно друго ниво, кое со задоволство ќе го изодам и ќе уживам во целиот процес – изјави Ѓоргиева.

17888665_10209199445042464_2146418289_n

Ѓоргиева се претстави со колекцијата „Алтер“ за сезоната пролет – лето 2017 година.

– Алтер е синоним за промена. Преку приказната на мојата колекција на различни начини симболично ја претставив промената и притоа испратив порака. Оваа колекција претставува продолжение на мојата предходна колекција. Ја развив и проширив идејата со принтовите што некако станаа препознатливи за мене последните сезони. Повторно си го задржав минималистичкиот стил на изразување со доработка која е карактеристична за мене. Како принт и детали се среќава книгата и пеперутката, како симбол за промена. Можеа да се видат минималистички костими, фустани со драпирани делови и рачна доработка. Доминираше белата, црната, крем, сива, тиркиз и црвена боја – изјави Ѓоргиева.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top