Едно лице загина утрово во тешка сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Питу Гули“ во Охрид.
Се работи за дваесет и шестгодишниот Д.Ј., кој утрово околу 5:30 часот, управувајќи автомобил „форд мондео“ изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, при што починал на лице место. Во автомобилот бил сам.
Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.