Еден од поголемите проблеми по денешната експлозија и одложувањето на мечот во Дортмунд е сместувањето на фановите на Монако, кои допатуваа од Франција за да ја бодрат својата екипа.
Помош стигна од германскиот град, кој покажа класа и се понуди да им помогне околу ноќевање оваа вечер. Исто така, навивачи на „милионерите“ понудија бесплатен престој за гостинските фанови, со што покажаа дека не заборавија на гестот од стадионот, кога Французите пееја за домашната екипа.
Преку Твитер и пораката #bedforawayfans, навивачите на Монако можат да побараат ноќевалиште во Дортмунд или во близина на градот, а исто така можат да се обратат до домашната публика, која беше преполна со луѓе со добра волја и желба за помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)