| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков и Талески немаа среќа да го следат мечот меѓу Борусија и Монако

manaskov i taleski

Македонските ракометари Дејан Манасков и Филип Талески се дел од бројните спортски ѕвезди кои вечерва останаа без можност да го проследат на лице место четвртфиналниот натпревар од Лигата на европските шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Монако.

Манасков и Талески, кои се членови на германскиот шампион Рајн Некар Левен, иако подготвени за четвртфиналната фудбалска пресметка немаа среќа да ужуваат на „Сигнал Идуна парк“, откако мечот поради експлозијата е одложен за утре.

– Повеќе среќа следниот пат – напиша Манасков на својот Инстаграм профил, објавувајќи заедничка фотографија со Талески.

Билетите за мечот од ЛШ остануваат во важност и за утре, но двајцата Македонци нема да бидат во можност да го следат дуелот меѓу Борусија и Монако затоа што играат натпревар од Бундеслигата против Гумерсбах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top