| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почна првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија во Струга

Во Струга денеска, 11 април, ќе почне Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија…

Преку овој голем настан од едукативен и изложбен крактер, Македонија, велат организаторите, ќе се појави на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси. Самитот е посветен на свадбената и портрет фотографијата. Ќе се одржува во хотелот „Дрим“ и ќе трае три дена, односно до 13 април. Збогатен е и со содржини од видео продукцијата, модната, уличната и новинарската фотографија.

Учесниците ќе имаат можност да следат предавања и работилници од врвни, меѓународно признати и докажани професионалци, практичари и теоретичари.

Своите совети, искуства и пристапи ќе ги споделат Грег Момент (Полска) и Дејвид Бренот (Франција) во делот на свадбената фотографија, Димитри Усанин (Русија) во делот на свадбена и семејна фотографија, Серџо Дуарте (Португалија) и Бојан Митковски (Македонија) во делот на кинематографијата, Роџер Тан (Малезија) во делот на свадбената и портрет фотографија, Ани и Дими (Македонија) во делот на портрет и модна фотографија, Томислав Георгиев (Македонија) во делот на улична фотографија и Роберт Атанасовски (Македонија) во делот на новинарска фотоографија.

Во рамки на тридневната агенда, ќе бидат презентирани најновите технолошки и дигитални производи и достигнувања, претставени од компаниите и партнерите кои ја помагаат реализацијата на Самитот: Pix+, I-Style, Wacom, Nikon, Canon,Sony, Sigma, Smart Solution, Inter Foto, Polyesterday.

Инспиративното дружење ќе заврши со натпревар по фотографија на кој учесниците ќе можат да ги пријават и изложат своите фотографии кои ќе бидат оценувани од стручно жири, составено од говорниците и презентерите на самитот.

Зад организацијата на Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија во Македонија стојат „Ангеловски Фтографија” од Македонија и „Грег Момент Фотографија” од Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top