Фудбалското Светско првенство (СП) кое ќе се одржи во 2026 година првпат во историјата би можело да биде организирано од три земји.
ФИФА официјално доби кандидатура за големиот фудбалски настан од САД, Канада и Мексико кои се подготвени да ги соберат најдобрите фудбалски репрезентации во светот. Досега, ниту еднаш три репрезентации не биле домаќини на СП. Одлуката околу домаќинството ќе биде донесена во 2020 година.
Вреди да се напомене дека за СП 2026 година не може да конкурираат земји од Европа и Азија, затоа што СП 2018 е во Русија, а СП 2022 ќе се одржи во Катар. САД последен пат беше домаќин на СП во 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.