Четириесет годишниот Б.С. од Скопје, вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Кражбата се случила пред 16 часот. Грабежот го открил директорот на трезорот во 16.58 часот, потврди МВР.
Од полицијата информираат дека Б.С. од трезорот украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Според досегашниот тек на истрагата, се знае дека тој ги ставил парите во торба и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката. Повеќе од 24 часа истражителите не знаат каде е Б.С. , а по него е распишана потерница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.