Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека т.н тиранска платформа не постои, туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана немала никаква поврзаност.
– Нема никаква платформа од Тирана, туку платформа на албанските партии на кои ние им помогнавме. Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија, рече Рама во интервју за една албанска телевизија.
Тој додава дека не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партија за време на изборната кампања.
– Оваа влада е влада која кога спроведе административни реформи, оставивме една општина за малцинството (мисли на Македонците и општина Пустец) и оставивме да стават име кое го сакаа, онака како што се чувствуваат во нивните домови. Тоа е се, нема никакво чудо, тоа е напор на Албанците во Македонија за да ја направат Македонија посилна и тоа се прави како што сакаат Албанците, изјави Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.