Почна постапката за изградба на пристапни сообраќајници и кружни текови со кои треба да се спои делот од булеварот Македонија, кој ќе биде под земја, попознат како Јужен булевар, што треба да го гради турската компанија „Лимак“.
Според објавениот оглас на страницата на Бирото за јавни набавки, „Чакар-партнерс“ има рок од три месеци да ги изработи сообраќајните проекти.
– За инфраструктурата што ќе следува, од видот пристапни сообраќајници, кружни текови и сообраќајниот режим и сигнализацијата со која ќе се регулира системот, повеќе ќе може да се каже по изготвувањето на основниот сообраќаен проект – велат градските власти.
Деловно-резиденцијален комплекс со 1.000 стана во дваесеткатници.Од нивното претставништво во Скопје вчера не сакаа да дадат изјава за изградбата на булеварот и на комплексот.
Договорот за подземната сообраќајница и објектите над неа меѓу Градот и „Лимак“ беше склучен во март 2012 година. Според тој договор, подземната сообраќајница треба да се прави во согласност со детаљниот урбанистички план „Стара железничка станица“, на шест метри под земја во должина од 800 метри со по три коловозни ленти во секоја насока.
Услов за изградбата на комплексот беше прво да се изгради подземниот булевар, па над него предвидените објекти. Проектот вклучува околу 1.000 стана во 20-катници, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за културни активности, фитнес-центар, казино и паркинг за 2.000 автомобили.
Kај Старата железничка станица на местото на некогашниот паркинг треба да се изгради комерцијален објект, а инвеститорот има обврска да го изгради со пресликана фасада и висина како некогашната железничка станица во Скопје. Тој објект е испланиран да биде влез во деловно-административниот комплекс.
Турската компанија ја купи државната земја на лицитација. Плацот кај Стара железничка станица со површина од речиси 10.000 квадрати „Лимак“ го купи за половина милион евра, а за другата парцела од над 30.000 од речиси 10.000 квадрати „Лимак“ го купи за половина милион евра, а за другата парцела од над 30.000 квадратни метри, каде што ќе се гради булеварот, „Лимак“ плати 3,2 милиони евра.
извор: скопје инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.