| четврток, 6 декември 2018 |

Порто целосно го откупи договорот на Фелипе, за да може да го продаде на Реал Мадрид

felipe

Португалскиот клуб Порто ги откупи комплетно правата на својот дефанзивец Фелипе Монтеиро, но само за да може ова лето да го продаде на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Минатиот летен преоден рок, Порто купи 75% од правата на фудбалерот од бразилскиот Коринтијанс, и тој се пресели во Португалија. Но, откако одигра одлична сезона, Реал Мадрид чукна на вратата на Порто, па тој речиси сигурно ќе замине на „Сантијаго Бренабеу“. За да биде зделката легална, Порто ги откупи и останатите 25% правата за Фелипе од Коринтијанс, плаќајќи вкупно 11 милиони евра за неговите услуги.

Трансферот на Фелипе Монтеиро во редовите на Реал Мадрид се очекува тројно поскап, околу 35 милиони евра. Тој има договор со Порто до 2021 година, а отштетната клаузула изнесува 50 милиони евра. Сепак, Порто ќе се согласи да го продаде и за помалку пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top