Сончево и топло време со мала умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец не очекува во текот на утрешниот ден. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 23 степени. Во Скопје, метеоролозите најавуваат слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 4 до 20 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во вторник во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд, а во среда на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за два до три степени. Услови за слаб дожд ќе има и во следните два дена кога и дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.