Полицијата во резерватот Катарниагат во Индија пронајде девојче, кое извесен период живеело со мајмуни. Жителите на регионот Мотипур во јануари ја известиле полицијата дека во шумата виделе девојче со група мајмни. Полицијата долг период се обидуваше да го фати девојчето, но тоа им бегаше.
– Кога полицаецот го повика девојчето, мајмуните го напаѓаа. Сепак тој успеа да ја спаси. Тој го зеде девојчето и трчаше до возилото, а мајмуните трчаа по нив, изјавил полицацот Динеш Трипати.
Девојчето е хоспитализирано во Бараих и се уште се лекува. Таа не зборува и не разбира ниту еден јазик.
– Поминала многу време со животните и логично е да се однесува како нив, изјавил лекарот Д. К. Синг.
Се претпоставува дека девојчето е на возраст од осум до 12 години. Лекарите работат на нејзина социјализација, но иако почнала да оди на две нозе и да јаде со раце, се уште е склона на напади на бес и агресија. Полицијата трага по родителите на девојчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.