| четврток, 6 декември 2018 |

„Претстава со четири актери, неколку свињи…“ го отвори јубилејното издание на театарскиот фестивал „Лица без маски“

Со „Претстава со четири актери, неколку свињи…“ на истакнатиот косовски режисер Блерта Незирај, синоќа во Драмскиот театар, беше отворено 10-то јубилејно издание на интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“. Претставата по текст на Јетон Незирај, а во изведба на „Кендра мултимедија“, на ироничен начин третира актуелна политичка тема, за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и апетитите на Косово за влез во организацијата.

17523712_803261563172038_6535751089085961578_n
Токму орвеловскиот свет е присутен на годинешната програма на фестивалот „Лица без маски“. На програмата се и: „Фарма“, според култниот роман на Џорџ Орвел, во изведба на италијанскиот театар „Софиа Амендолеа“, рускиот „32. физички театар“ со претставата „Ноќта на огнот“, бугарската веќе хит-претстава „Сѐ на масата“ од Ч. Буковски, а во режија на Ана Батева, кои исто така ги третираат актуелните општествени околности на глобално ниво.
– По повод јубилејот, годинава, покрај интернационалната програма, имаме и македонска независна продукција, која кореспондира со начелата на независниот и алтернативен театар. Публиката ќе има можност да ги проследи и претставите: „Да ми го поздравиш и бакнеш“ во режија на Билјана Радиноска на независниот театар „Артопиа“, „Скршена стомна“ на Софија Ристевска и „Интимен театар“ од Битола и комедијата „Прво ќе ме земеш, после ќе ме…“ на Ѓорѓи Ризески, во изведба на независниот театар „Крик“ – вели Игор Ивковиќ, селектор на фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top