Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за српски „Блиц“ зборува за политичката криза во Македонија, за односот со опозицијата, албанските партии и опасноста од усвојувањето на тиранската платформа.
Турбулентната македонска пролет не донесе решение на кризата предизвикана од одбивањето на претседателот на оваа земја, Ѓорге Иванов, да го даде мандатот на Зоран Заев да формира нова влада.
Под кои услови ќе дадете поддршка на Зоран Заев во формирањето нова влада?
Н.Г. Зоран Заев ќе ја добие нашата поддршка само доколку ја осуди и ја отфрли платформата од Тирана и јавно да се обврзе дека нема да спроведе кој било елемент од неа. Тој не сакаше да го прифати тоа.
Како ќе изгледа Македонија ако дојде до влада која ќе ја води Заев и албанската коалиција?
Н.Г. Македонија ќе стане двонационална држава со два официјални јазици. Другите етнички заедници кои се дел од богатството на сегашната мултиетничка Македонија ќе бидат фрлени во заднина. Постепено ќе започне процесот на кантонизација или федерализација со што ќе се скрши унитарниот карактер на државата. Албанските партии не отстапуваат од условите македонските банкноти да станат двојазични, како и униформи на безбедносните сили. Ќе започне расправа за националната химна, грб и знаме, кои порано или подоцна ќе резултира со нивно менување. Засега, го нарекуваат дебата бидејќи тие немаат двотретинско мнозинство да ги променат. Ако има, тие одамна сѐ ќе сменеа.
Зоран Заев рече дека приказната за геноцид против Србија е фантазија кои ја измисли ВМРО-ДПМНЕ. Кој е Вашиот одговор?
Н.Г. Заев постојано лаже. Ние не треба ништо да кажеме, доволно е да ја прочитате тиранската платформа. Таму се бара осуда за геноцид врз Албанците во периодот 1912-1956. Коалицискиот партнер на Заев, албанскиот пратеник Зијадин Села ја повтори оваа гледна точка и од собраниската говорница го надгради обвинението дека геноцид против Албанците продолжува и до денес. Села дури и го негира постоењето на македонскиот идентитет и го оспорува постоењето на македонската нација. Кога зборувавме дека Заев е уценет и дека е ставен во сценарија за уривање на идентитетот на Македонија, тој тврдеше дека такво сценарио има само во нашите глави. Верувам дека е јасно дека сме биле во право.
Дали во Македонија би можело да се случи Косово сценарио? Дали верувате дека ова е чекор кон создавање Голема Албанија?
Н.Г. „Албанците треба да ги бараат сите права. Ако Заев се повлече, сите албански политички сили итно треба да се здружат и да помогнат да се одржи референдум за прогласување независност. Албанците од ОВК изјавија дека по секоја цена мора да се брани Илирида (дел од Македонија која Албанците бараат да се отцепат). Ние денес им кажуваме – вие не сте сами, Албанија е со вас! Заедно можеме да ја браниме светата земја Илирида. Таа е албанска! Албанија со четири вилајети, Албанија со осум милиони Албанци“.
– Ова е цитат на албанската пратеничка Месиле Дода која е коалициски партнер на премиерот Еди Рама, еден од креаторите на тиранската платформа. Дали има потреба да се коментира таква изјава? Ние го осудуваме тоа и чувствуваме обврска да преземеме сѐ што е во наша моќ за да се спречи реализацијата на ваквите националистички идеи за голема држава.
Странските медиуми објавија дека во случај на криза во албанско-македонските односи може да дојде до натамошно разгорување на конфликтот на Балканот?
Н.Г.Често ние сме биле сведоци конфликти од едно место да се прелеат на друго место. Балканот е специфично подрачје. Тука се прекршуваат многу регионални, но и глобални интереси, за жал, фрлена искра во една земја може да запали оган и во останатите земји. Гледаме дека има големи тензии во неколку земји во регионот. Би било наивно да се исклучи какво било сценарио, но наша одговорност е да не се дозволи ситуацијата да ескалира.
Некои македонски медиуми објавија Ваша изјава во која Џорџ Сорос го обвинувате за главен поддржувач на Заев?
Н.Г.СДСМ и неговите невладини организации под контрола на Сорос работат во целосна симбиоза. Во текот на изминатите 20 години, Сорос го узурпира целиот граѓански сектор во Република Македонија и го стави на располагање на СДСМ. Помошта е и финансиска, и кадровска, и логистикча. Сведоци сме дека луѓето од невладините организации под контрола на Сорос преку ноќ станаа пратениците на СДСМ и ја бранат политиката на таа партија. Се работи за лажен НВО сектор.
Дали ги имате симпатиите на Русија, со оглед дека од Кремљ дојдоа пораки за поддршка на Вашата иницијатива за нови избори?
Н.Г.За тоа дали постојат симпатии најдобро е да ја побарате официјална Москва. ВМРО-ДПМНЕ е прозападно ориентана партија и една од стратешките приоритети е членството во ЕУ и во НАТО. За мене, не беше неочекувано дека Русија има свои интереси на Балканот и во Македонија. Верувам дека секој прави проценки за своите позиции и интереси, но она што мене ме интересира е интересот на Република Македонија и нејзините граѓани.
Дали мислите дека Доналд Трамп ќе го олабави притисокот на САД?
Н.Г.Јас не сум човек кој верува и игра на странска помош или мешање на странски сили во внатрешните работи на Република Македонија. Верувам дека луѓето се доволно зрели за да одлучат за себе дали им е потребена тиранската платформа или не. Дали им треба редефинирање на државата или не? Дали е приоритет новиот закон за употреба на јазиците или економија? Дали е важно правилното победник со победник или не? Дали функцијата претседател на Собранието е предмет на пазарење меѓу партии и коалиции? Ние сите овие прашања ги ставивме како предлог-теми за дискусија во планот за кој веруваме дека може да биде излез од актуелната политичка криза. Со новата администрација во Вашингтон, имаме блиски односи, тоа е сè што можам да кажам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација