Физички е нападната и ограбена деветнаесетгодишна девојка од штипското село Таринци од непознато машко лице, додека синоќа во 20:30 часот се движела по ул. „Радански пат“.
Во Полициската станица во Штип девојката пријавила дека додека се движела по улицата и разговарала на мобилен телефон, напаѓачот одзади со рака ја удрил во пределот на главата, од што паднала на земја. Откако паднала насилникот и го одзел телефонот и златна обетка, по што побегнал, информира МВР во редовниот Билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.