| четврток, 6 декември 2018 |

Втор ден хаос во Турција (ФОТО)

Турската полиција користеше синоќа солзавец и водени топови против групи демонстранти кои се обидоа да дојдат до плоштадот Таксим во Истанбул во вториот ден од антивладините протести заради план да се исечат дрва во парк во најголемиот град во Турција.

IMG00385385

Демонстрациите излегоа од контрола откако полицијата се обиде да разбие мирен протест на луѓе кои седеа во парк на плоштадот Таксим. Во судирот на полицијата и демонстрантите повредени се повеќе десетици луѓе, а судирите почнаа откако група млади луѓе се обидоа да дојдат на плоштадот Таксим и притоа фрлаа камења врз полицијата. Учесниците на протестите силно негодуваа поради острите реакции на полицијата осудувајќи на Владата за „аторитарни тенденции“, јавуваат западни медиуми.

Turkey_Protest_0dd4c

Во немирите приведени се 81 демонстрант, а демонстрациите денеска се проширија и во други градови и прераснаа во антивладини протести иако Судот одлучи проектот привремено да се прекине.

130518122721-reyhanli-turkey-bomb-protest-story-top

Во знак на солидарност, околу 5.000 луѓе во Анкара се собраа во центарот извикувајќи слогани против Владата и повикувајќи го премиерот Ердоган да поднесе оставка. Полицијата употреби солзавец за да спречи група која се упати кон парламентот.

Turkey Protest

Помали протести се одржани во десетина други градови низ Турција. Демонстрантите бараа да се прекинат плановите на простор во паркот Гези на плоштадот Таксим да се изгради трговски центар, но Ердоган наведе дека Владата ќе ги спроведе
плановите „без разлика на акциите на демонстрантите“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top