Вчера, Новак Ѓоковиќ одигра солиден меч против Рамос Винолас и ѝ го донесе првиот поен на Дејвис Куп селекцијата на Србија во дуелот против селекцијата на Шпанија.
Вториот рекет на планетата на терен делуваше смирено, а по мечот даде доста интересен коментар, велејќи дека е свесен дека многу луѓе се против него и дека истите го мразат.
– Знам дека моите фанови очекуваат многу од мене, затоа сакам да им се заблагодарам, но исто така знам дека постојат многу луѓе кои ме мразат. Што се однесува до мојата повреда, таа е веќе минато лактот е добар, добро сервирав, можеби и најдобро во последниот период – вели Ноле.
Србија со победата на Троицки над Карено Буста веќе има сигурно водство од 2-0, па доколку денеска извојува дубл победа што ќе значи полуфинале, најверојатно утре на терен нема да го видиме Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.