Петнасетгодишно момче синоќа во депото на Македонски железници во Скопје, во близина на Блок 1, се здобило со изгореници од струен удар, откако се качило на вагон цистерна, по што се доближило до електричниот вод кој бил под висок напон.
МВР информира дека момчето се качило на вагон цистерна бидејќи сакало неговата другарка да го фотографира.
Од страна на вработени во Македонски железници повикана е Итна медицинска помош од чија страна момчето е пренесено во Ургентниот центар-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди (изгореници од втор степен) и е задржано на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.