| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ја посети старата струмичка чаршија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска е во посета на Струмица. Откако ја посети ТИРЗ Струмица, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ја посетија старата струмичка чаршија каде во моментов се реализираат повеќе проекти финансирани од министерството. Таму струмичкиот завод и музеј во моментот работи на обнова на фасадите, досега се обновени фасади на два објекти со стара градска архитектура.
Во изминатиот период надлежната установа Завод и музеј Струмица ја заврши обновата на фасадата на архивската зграда, за која беа издвоени 1 милион денари. Во Струмица беше обновен и објектот на Старата пошта, кој потекнува од 19 век и претставува заштитено културно наследство. Реставрацијата и конзервацијата на објектот опфаќаше обнова на ентериерот, на покривната конструкција и на фасадата на куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top