| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлон Клоф: Планирам еден ден да играм во НБА

mzt skopje

Плејмејкерот на МЗТ Скопје, Шарлон Клоф планира еден ден да заигра во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Холанѓанецот кој на секој натпреварот во дресот на актуелниот шампион оваа сезона со своите атрактивни забивања и блокади ја дига на нозе македонската публика, во интервју за странски портал откри кои се неговите планови.

– Планирам да играм во НБА во некој момент од кариерата. Мое е да работам напорно, да прикажувам игри и бројки кои се очекуваат од мене. Верувам дека еден ден ќе добијам шанса да станам дел од најсилната лига – вели Клоф.

Кошаркарот на МЗТ Скопје, кој има 27 години вели дека во Македонија се чуствува одлично, а причината поради која одлучил да потпише за „сино-белите“ е учеството во Еврокупот.

– Добро ми е во Скопје. Салата и придружните објекти се убави, во градот има сè што е потребно за да уживате и да се чувствувате комотно. Ми се допадна играњето во Еврокупот. Тој брз стил на игра со многу трчање и транзиции ми одговара – објаснува Холанѓанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top