| четврток, 6 декември 2018 |

Ги врзале, па ограбиле: Крадци малтретирале брачен пар во Штип

Сеф со 7.100 евра, 2.200 долари, 10.000 денари и златен накит е украден ноќеска од куќа во Штип.

Како што соопшти полицијата, разбојништвото го извршиле засега непознати сторители, маскирани со фантомки. По 00:00 часот тие насилно влегле во куќата, со употреба на алат. Им ги врзале рацете на домаќините А.Б.(77) и М.Б.(70) со самолеплива лента. Од А.Б. го побарале клучот од сефот и притоа физички го малтретирале. Откако не успеале да добијат одговор, почнале да пребаруваат и во една од просториите го пронашле сефот.

М.Б. успеала да се ослободи околу 01:20 часот и настанот го пријавила во СВР – Штип. А.Б. е пренесен во Клиничка болница каде му се констатирани телени повреди и е задржан на натамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top