Маскирани лица синоќа влетале во домот на една скопјанка, ја врзале и ѝ се заканувале.
Вчеравечер околу 22,00 часот Т.К. пријавила дека во нејзиниот дом во Скопје, на врата ѝ заѕвониле непознати лица, а еден од нив ѝ рекол да отвори дека е нејзиниот внук.
Откако отворила, во станот влегле две непознати маскирани лица,ја седнале на фотелјата и ѝги врзале рацете . Напаѓачите почнале да пребаруваат по станот, а откако не успеале да најдат ништо, едно од нив ѝсе заканил со нож дека доколку не им даде пари и злато ќе ја киднапираат керка ѝ.
Откако повторно не пронашле ништо, лицата го напуштиле лице место, а Т.К. некако успеала сама да си ги одврзе рацете и случајот го пријавија во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.