Целта на СЈО/СДСМ за „новата реформска влада“ е пред Велигден, неделовнички/насилен избор на претседател на Собранието, а до јуни да се покренат уште дваесетина неосновани обвиненија против истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ги разобличуваат штетните политики на Заев, напиша на „Фејсбук“ Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
– До крајот на годината да има референдум за името по грчки терк и под прогон и приведувања од СЈО-МВР-СДСМ ќе бидат и политичари и медиуми/новинари кои имаат потенцијал да се спротивстават на тој план. Новиот претседател на Собранието ќе има задача да оневозможи референдум или да го штелува референдумското прашање.
– До крајот на годината треба да помине Законот за двојазичност на цела Македонија и редефинирањето на државата според платформата од Тирана и предмет на прогон и подолг притвор ќе бидат предводниците кои ќе се обидат да го попречат планот; притисокот ќе вклучува и објава на монтирани приватни снимки за деградација и оцрнување на личностите. „Двојазична“ Македонија нема да има основа да бара опстојување на македонски/Macedonian за јазикот и идентитетот во решавањето на спорот со Грција.
– До крајот на годината ќе треба Заев и СЈО да најдат „независни судии“ кои ќе потпишат ослободителни пресуди за обвинетите во „Монструм“ и „Диво Насеље“, а за возврат Заев да биде ослободен од вина во предметот „Поткуп“, образложи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.