Поради измените на шенгенските прописи земјите-членки на ЕУ од денеска имаат обврска на сите гранични премини за влез и за излез од Европската унија да ги проверуваат сите патници низ достапните бази на податоци.
Граничната полиција е должна во вршењето на граничната контрола на патници при влез и излез од земјата да изврши системски преглед на сите патници преку две бази на податоци: национална база на податоци на системот на Министерството за внатрешни работи и базата на податоци на Интерпол. Досега тоа не беше практика за лицата што го уживаат правото на слобода на движење, односно за жителите на земјите-членки на ЕУ. Затоа, се очекува дека патниците ќе чекаат подолго за поминување на границите бидејќи ќе трае подолго контролата.
Патниците на границата при влез во ЕУ треба да ги оправдаат целта и условите на планираниот престој и да имаат доволно средства за живот за време на траењето на предвидениот престој.
Пограничните власти на ЕУ најавија дека ќе ги искористат сите постојни капацитети, во смисла на работна сила и технологија, за да го скратат времето на контрола на границите на минимум на сите гранични премини, особено во кризни периоди како викенд и празниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.