| четврток, 6 декември 2018 |

Странец ќе ја води комисијата за инцидентите од 24-ти декември?

sobranie-bez-opozicija

Странец за претседател на комисијата што треба да ги расчисти инцидентите на 24-ти декември и одлуки кои ќе се носат со гласање, со поддршка на ЕК.

Телевизија 24 Вести повикувајќи се на свои извори, дознава дека ова е последниот предлог за кој власта и опозицијата начално се согалсиле.

Сепак од двете партии официјално не потврдуваат ниту пак откриваат детали.

Само кусо велат дека има позитивно поместување во преговорите, за да профункционира комисијата.

Дека има позитивни сигнали, но без да открие повеќе детали, бидејќи како што рече не е директен учесник во преговорите, синоќа во интервју за WIN-WIN на 24 Вести потврди и потпретсеателот на СДСМ Зоран Заев.

Експерстката комисија повеќе од два месеца е загалвена, бидејќи власта и опзициајата не можат да се договорат кој да претседава со неа и како да се носат одлуките.

Власта и опозициајта и јавно се прозиваа дека оние другите намерно ја опструираат комсијата, а СДСМ порача дека додека не се формира комсијата и власта не ги исполни обврските од мартовскиот договор само формално ќе учествува во работата на Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top