| четврток, 6 декември 2018 |

Конститутивната собраниска седница продолжува во понеделник

Собраниската седница и по паузата продолжи со процедурални забелешки. ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека правото на пратениците за збор е уставно, деловнички загарантирано и не може никој да го одземе, додека СДСМ го нарече узурпација на функцијата претседавач неставањето на нивниот предлог на гласање.

Илија Димовски сугерира да се намали тензијата, да се почитува процедурата, да не се одзема правото на никого. – Да ја завршиме оваа точка, да ја избереме Комисијата за избори и именувања и потоа да преминеме на четвртата точка, рече Димовски.

Антонио Молошоски апелира за почитување на Деловникот и на членот 80 каде правото на збор и говор на пратеникот е посилно, рече, од кое било друго право. – Правото на пријавениот за збор или реплика е посилно од правото на некој по избори да се договори со некој друг за некаква платформа. Ако некој во Собранието имаше право да молчи со одредена цел без да биде укорен од никого, дозволете ни нам да зборуваме, да го кажеме своето мислење, истакна Милошоски.

Чувствителноста, оцени, е многу зголемена, и кај граѓаните и кај медиумите и кај политичарите. – Како Собрание, како претставници на народот, да не долеваме масло на огнот, да не ја правиме состојбата уште покомплицирана, повика Милошоски.

Според Владимир Ѓорчев, јасна е намерата на СДСМ, да им се ускрати правото на пратениците пријавени за збор. – Зошто никој досега не направи вакви варијанти на прекинување дискусии и менување точки 27 години наназад? Зашто не постои таква можност, не е деловничка, потенцира Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top