Родена на: 9 февруари 1965 година во Гевгелија
Образование: замислете Правен факултет!
Професија: јавен обвинител, специјален
Пред Велигден, 1 Мај и раните летни посети на сончевите грчки плажи А Ката Кристи, логично, се впушта во потрага по авиони, бродови, јахти, лежалки, ролерки и слични летни реквизити. И онака таа и нејзините соработници од почетокот на мандатот бркаат вештерки претставувајќи ја својата политички оркестрирана јалова борба со криминалот како пожртвувана и безрезервна одбрана на правдата. Не успеаја да ги протуркаат политичките мотиви на прогонот, но затоа успеаја високо да се позиционираат на столбот на срамот како дружина која, во земја во која просечната плата изнесува 22.350 денари, се луксузира со енормно високи плати, кои според нивното признание изнесуваат меѓу 2500 и 3500 евра месечно.
Ако се има предвид фактот дека А Ката Кристи е со кревко здравје, заради здравјето, очекуваме горештините повеќе да ги минува отаде Гевгелија, а од оваа страна да ја одржува кризата, како што правеше и лани летото, додека шарените се сончаа, СЈО ја одржува кризата, а Катица Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а, исто така, го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавната обвинителка, која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлиев ангел“, заслужено ужива огромна недоверба од граѓаните зад чијашто одбрана треба да застане.
Но, нејсе, граѓаните настрана, да се вратиме на јахтите и бродовите. И на авионите. Слушаме деновиве А Ката Кристи барала стелтови. Начула Милошоски имал, па во манир на хероите од бомбардирањето во Србија, оние кои станаа бесмртни соборувајќи невидлив авион, и таа тргна по невидливото. И жал не фати. Ќе се задиши барајќи, ќе се запоти трагајќи, а од славата ќе ја изеде сламата. Затоа, најдругарски ѝ свирнуваме, и така летната резиденција на партијата ѝ е отаде родна Гевгелија, и ич нека не тегне нозе по краците, со платичката под мишка – на Јонско Море. А, таму, луксуз како за нивни џеб. Повеќе од сигурни сме дека Рада ќе се покаже како супердомаќинка и со истото задоволство со кое Ката ѝ помага, оваа ќе ја угости. Свој за своето, што ќе рече народот.
Селцето каде што А Ката Кристи најбрзо ќе ја потроши платичката се вика Сивота, а вилата е една од најлуксузните во западна Грција. Токму како што прилега за јавна обвинителка и за потпретседателка на партија, двете од богата партија. Независно, непристрасно и луксузно. Таму престојот од ден во август е 2.000 евра, или, пак, за 10 дена цената е 18.000 евра. Ако немаат доволно, термини има и во јуни.
Онаму каде што ја испраќаме А Ката Кристи сигурно има јахта, сигурно чини повеќе од 100.000 долари, сигурно е луксузна и е повеќе од видлива. Ако стигне А Ката Кристи до јахтата, нема да мора да објаснува што правела со парите на народот, дали бркала вештерки, дали барала џамлии, авиони или ролери, тоа ќе мора да го објаснува сопартијката Рада.
Во меѓувреме, на А Ката Кристи сигурно ќе ѝ остане мистерија каде Милошоски го крие стелтот – невидливиот.
„СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам! Само продолжете, нема да нѐ замолчите!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.