| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли пилот во СЈО?

katica avion

Има некаква судбинска поврзаност на суперсоничните кариери во СЈО на Катица, Фатица и Леница со авионите. Ако на почетокот по слетувањето во Скопје, за Катицаа „летаа авионите“, суперсоничните Фатица и Леница за крај бараат авион. Притоа, судбината „сакаше“ половина ЕсДеЕс од Павел Шатев да прелета на Рузвелтова во ЕсЏиО.

Обвинителскиот Џамбо Џет во меѓу­време се обиде да стане Топ Ган, па се фрли од смокви директ на разубавување покрај базенот. Додека Ленче од Тето-о го прелета океанот на обуки, Фата лансираше викенд- романче од животна приказна.

Како ли само од гаѓи и душеци, трите летнати ѕвезди по дебаклот за кусо време стигнаа до авион? Чуден е тој живот обвинителски, мора да се занимаваш од цени на „линжери“ до листи за авиони. Но тоа е цената кога мора да се губи време и да се забавува народот наместо да се лови криминалот.

Приказната која се крие сега е дека ВеМеРО купило авион, за да може да ги транспортира фантомите од гласачко место до гласачко место во Европа, Америка и Австралија, за додатните три пратеници од дијаспората. Веројатноста за точноста на оваа приказната не изненадува. Сепак, за овој случај може да откријат само гатанка во стихови: Тврдокрилец Тврда Трупка в Тера!

Кога СЈО настапува ништо не е чудно. Овој нивен авион оддамна лета без компас и со дупки во крилата. И тоа е за разбирање откако за одржување на СЈО се грижи Бургија!

Летањето наскоро ќе заврши, борбата е само како овој беспилотен авион да атерира- дали ќе слета меко или ќе тресне. Пистата и така оддамна ја промаши, прашање е само кој ќе ја понесе одговорноста за оваа несреќа. Тоа секако нема да бидат ниту гарантите на политичкиот договор каде е составен моделот на авионот, ниту политичките партии кои го договорија времето на летот. Едноставно, од небо се гледаше дека овој авион, со вакви стјуардеси, со ГМО храна на понудата, при вакви големи државни турбуленции, на патниците во ова теледиригирано летало им останува само да си ја стават главата меѓу нозе и да повраќаат во ќесе.

Се на се, времето на СЈО лета не запира. Останува чувството дека некоја од стјуардесите сепак ќе се излета за крај за сите случувањата сето ова време. И да: Што е опсесијата со „Т“?

ПС: Доколку името на овој случај е Тврдокрилец, ќе ја добијам опкладата!

Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top