Трајко Вељаноски за да ја смири тензичната ситуација што настана на почетокот на седницата, ја прекина поради уличниот и насилен речник на пратениците од СДСМ.
– Не ви доликува така да се изразувате, не довикувајте, како не ви е срам со тие зборови да се изразувате – рече Вељаноски и ја прекина седницата.
Вељаноски неколку пати ги опомена пратениците од СДСМ да не дофрлаат од место и да покажат барем малку култура. Пратениците од СДСМ, коишто очигледно секојдневно стануваат сѐ понервозни, со крајно вулгарен и уличен речник, почнаа да довикуваат до Вељаноски.
Сето тоа се случи откако Оливер Спасовски се обиде да го погази Деловникот и да ја прекине точката за избор на Комисија за прашања за избори и именувања и да се премине на избор на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Вељаноски почитувајќи го Деловникот не дозволи вакво сценари и посочи дека според Деловникот најпрво точката мора да биде исцрпена, па потоа да се премине на наредната, избор на претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.