| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе организира силен турнир во подготовките за претквалификациите за Светското првенство

makedonska kosarkarska reprezentacija

Репрезентациите на Босна и Херцеговина, Холандија и Португалија, ќе бидат гости на традиционалниот турнир „Трофеј Македонија”, кој најверојатно ќе се одигра во периодот од 21 до 23 јули.

Овие натпревари најверојатно ќе бидат последната контрола за новиот селектор на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков, пред стартот на претквалификациите за Светското првенство 2019 година, кои ќе се играат од 2 до 19 август. Пласман во квалификациите ќе обезбедат најдобрите осум репрезентации. Македонија е во група со Естонија и Косово.

И земјите учеснички на традиционалниот турнир „Трофеј Македонија“ ќе бидат дел од претквалификациите за место на Мундијалот. За таа цел, Босна и Херцеговина за селектор на својата репрезентација го ангажираше Душан Вујошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top