Конечно малку напредок за македонската репрезентација на ФИФА листата. На најновата ранкинг листа, по претходните победи против Лихтенштајн и Белорусија, Македонија напредуваше за 33 позиции, па овој месец ќе биде на 130. место на ФИФА рангирањето.
Со 225 бода, македонската селекција конечно ги прескокна на листата репрезентациите од „белиот свет“ кои главно служат за потсмев во фудбалските кругови.
Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП 2018, Шпанија без промени е на 10. место, додека Италија напредуваше за три позиции па сега е на 12. место. Израел е на 63. место на најновото рангирање, додека Албанија назадувајќи 12 позиции, сега е на 66. место.
На чело на листата, има промена на водечките позиции. После цели седум години сега Бразил е на чело на ФИФА листата пред Аргентина, а понатаму во Топ 10 следат Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.